Избувна пожар во центарот на Кавадарци

Пожар зафати дуќан во централното подрачје на Кавадарци, информираше попладнево  командирот на територијалната противпожарна единица од овој град, Илчо Богевски, пренесе МИА.

-Интервениравме со две противпожарни возила и 4 пожарникари и успеавме да го запреме огнот да не се прошири на околните објекти, соопшти Богевски.

Се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета.

15.07.2014 - 16:24
Фото: 
Лидер.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега