МВР ги објави деталите за касапењето во Кавадарци

Полицијата ги објави деталите околу крвопролевањето кое синоќа се случило во Кавадарци.

Според МВР, околу 20 часот настанала расправија помеѓу неколку лица. Две од лицата во еден момент се збеснале и го нападнале 33 годишниот кавадарчанец С.М. и со моторна пила го расекле по телото. За среќа, С.М. успеал да побегне и да побара помош во Здравствениот дом Кавадарци. 

Едно од лицата е веќе проведено, а полицијата трага и по другиот осомничен. По целосно расчистување на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

15.07.2014 - 13:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега