Безмилосно го претепал и го ограбил - што се случува во Чаир?

Скопската полиција го “награди“ 27 годишниот Ф.Ш. со кривична пријава и 30 дневен притвор, откако на 28. јуни годинава го претепал и ограбил скопјанецот С.П.

Според информациите од полицијата, разбојништвото се случило попладнето на 28. јуни на булеварот „Македонско Косовска Бригада“, кога Ф.Ш. го нападнал скопјанецот и му украл се што носел со себе - пари, мобилен телефон и лични документи вредни 22.000 денари.

Освен што го ограбил, разбојникот не го поштедил скопјанецот ни од ќотек, па му нанел тешки повреди.

15.07.2014 - 12:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега