Големо намалување на цената на парното во Скопје
За најмалку 10% се очекува да се намали цената на парно греењето во Скопје од 1 август, пишува Дневник. Според информациите на весникот, Регулатората комиија за енергетика веќе ги добила пресметките од компаниите што се занимаваат со производство, снабдување и со дистрибуција на топлинска енергија
„Извештајот за работата на Регулаторната комисија за енергетика за лани, кој е доставен на усвојување во парламентот, инаку кажува дека „Балкан енерџи груп“, кој е задолжен за обезбедување топлинска енергија за најголем дел скопјани, лани има произведено за 15 отсто помалку топлинска енергија отколку во претходната година. Притоа, била зголемена потрошувачка на гасот за 15 отсто, а за 90 отсто се намалило користењето на мазутот. Kонечните бројки кажуваат дека вкупните преземени количини на топлинска енергија од топланите и од комбинираната гасна електрана ТЕТО биле помали за 14 отсто, односно испорачаната количина топлинска енергија на корисниците била за 18 отсто помала од 2012 година, што се должи на топлата зима, поради што и компаниите имаат остварено значителни вишоци. За корисниците кои се приклучени на системот „Скопје Север“, пак, испорачаната количина на топлинска енергија била дури за 49 отсто помала отколку во претходната година. Притоа се искористиле за 40 отсто помалку гас“ - пишува Дневник
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа