Се топат во уста - колачиња со лешници и суво грозје
Направете вкусен десер за вашето семејство, направете колачиња со лешници и суво грозје.
Состојки:
300гр. мелени бисквити
50гр. суво грозје
50мл. млеко
10гр. маргарин
50гр. чоколадо за готвење
За глазурата:
100гр. чоколадо за готвење
3 лажици масло
цели лешници
Подготовка:
Во сад на оган ставете го млекото да се стопли заедно со маргаринот. Кога ќе се стопи ставете го и чоколадото. Во овој сад ставете ги мелените бисквити и убаво измешајте. Кога смесата ќе се излади ставете го и сувото грозје. Оставете да се здрви ставете ја глазурата и сечете парчиња. На секое парче ставете по еден лешник.
Извор: Мои рецепти
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа