ФОТО: Протестите засега мирни - погледнете колку демонстранти тргнаа кон Судска палата

 

Oколу 300 - 400 луѓе тргнале пред малку тргна од пред џамијата „Јаја Паша“ кон Судска палата на протестот против пресудите во случајот „Монструм“. Протестот засега е мирен, но, голем број полицајци се распоредени на потегот од Бит пазар кон комплексот судски згради и се подготвени за евентуална потреба од интервенција.

Денешниот протест беше организиран преку социјалните мрежи. Организаторите ги повикаа и сонародниците од соседството да им се приклучат на протестот.

Минатиот петок протестите кулминираа пред Судска палата. Имаше повредени полицајци и граѓани. МВР уапси и осомничи околу 20 насилници.

 

 

11.07.2014 - 13:46
Фото: 
Алмакос
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега