ФОТО: Скопје се подготвува за протести - во Чаир нема ниту еден контејнер

 

По целата должина на булеварите „Крсте Мисирков“ и „Цветан Димов“, на потегот од трговскиот центар „Мавровка“ до улицата „Џон Кенеди“ нема ниту еден контејнер, јавува Устрински Весник.
На местото каде што обично сотеја кантите за отпадоци, сега, како што пишува весникот има мини депонии.

По протестите од минатата недела, кога многу контејнери беа запалени и уништени, надлежните не ги замениле. Според весникот, најверојатно се чека да помине протестот најавен за денеска, во обид новите контејнери да се заштитат од уништување.

11.07.2014 - 00:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега