Стевчо Јакимовски влезе во Владата?
Македонскиот премиер Никола Груевски денеска до Собранието го достави предлогот за именување заменици на министри во Владата. Листата на потенцијални заменици министри покажува дека Владата оди на веќе проверени кадри.
Ново име на заменичката листа Љупчо Пренгов, кој е предложен за заменик -минитер за локална самоуправа. Според медиумите блиски до опозицијата, Пренгов е член на партијата на Стевчо Јакимовски, ГРОМ.
За заменик-министер во Министерството за одбрана, пак, се предлага Арбен Љаденишта, за заменик-министер за внатрешни работи Земри Џамиљи, за заменик-министер за правда Билјана Бришковска Бошковски, за надворешни работи Драгана Кипријановска, за финансии Ардијан Џељадини, за заменик-министер за економија Христијан Делев, за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.
За заменик-министер за здравство е предложен Јовица Андовски, за заменик-министер за образование Спиро Ристовски, за заменик-министер за труд Ибрахим Ибрахими, за заменик-министер за култура Драган Недељковиќ, за заменик-министер за информатичко општество Марта Арсовска Томовска, за заменик-министер за транспорт и врски Ниметула Хаљими и за заменик-министер за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски.
Именувањето на замениците министри се очекува да се случи на собраниската седнива која ќе се одржи на 10. јули.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа