Рецепт: Ѓомлезе

 

Направете вкусно ѓомлезе, еве што ви е потребно

Состојки:

100 мл. масло

(Mаслиново или маст.
Сепак кога употребуваме
масло од животинско потекло
Ѓомлезето е покрцкаво.)

2 л. вода

1 ½ кг. брашно

1 мала лажичка сол

Подготовка:

  1. Ги мешаме сите состојки со миксер. Добиваме каша слична како за палачинки. Кога e се убаво измешано посолуваме. 
     
  2. Земаме тепсија и ја мачкаме со масло. Истураме со црпалка за супа количество каша колку да се направи тенок слој како за палачинка. 
     
  3. Tепсијата ја ставаме во рерна (доколку немаме вршник). Кога слојот од кашата ќе се потпече и вцрви, ја вадиме тепсијата, премачкуваме слој масло, па вниматлно со црпалката истураме нов, тенок слој каша. Ова го повторуваме се додека не ја потрошиме цела каша.

Опишаниот рецепт е за Ѓомлезе печено во рерна.

 

Традиционалното Ѓомлезе се прави под вршник (сач).

 

07.07.2014 - 20:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега