Прсти да излижеш: Направете си мусака со мелено месо
Денеска на вашето мени за семејниот ручек нека ви биде мусака со мелено месо. Еве како да направите вкусна домашна мусака.
Состојки:
300 грама мелено месо
4 компири со средна големина
1 главица компир
1 јајце
150 мл млеко
300 мл вода
сол и зачини
Подготовка:
- Кромидот ситно го сецкаме и го пропржуваме, па го додаваме месото и ги пржиме заедно.
- Компирите ги сечеме на кругови и половина ги редиме во огноотпорен сад, потоа го додаваме месото и одозгора ставаме уште еден ред компири.
- Во тавата каде што се пржело месото го ставаме млекото и јајцето, промешуваме, ја дотураме водата и ја преливаме мусаката
- Се пече во рерна на 200 степени околу еден час.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа