Мислевте дека најдобрата пица се приготвува во Италија?- се излажавте
Мислевте дека најдобрата пица се приготвува во Италија? се излажавте. Австралиската пица официјално е најдобра на светот. Барем така тврдат судиите на Светскиот натпревар во приготвување пица "Campionato Mondiale Della Pizza" кој минатиот викенд се одржа во Парма, Италија.
Се работи за пица приготвена по традиционален италијански рецепт позади која стои Австралијанец кој се обучил во Италија.
Австралискиот готвач Џони Ди Франческо, сопственик на ресторанот "400 Gradi in Brunswick" (во предградие на Мелбурн) благодарејќи на совршено приготвената Маргарита го освои првото место.
Вреди да се спомене и дека конкурецијата била неверојатно тешка, а 36-годишниот готвач го освои првото место натпреварувајќи се со преку 600 кандидати од 35 земји од целиот свет.
"Реакцијата беше фантастична. Искрено, отидов во Неапол да го правам она што го сакам. Не мислев дека ќе победам", изјавил за CNN, а за австралискиот портал Good Food објаснил и зошто се одлучил токму за Маргарита: "Многумина мислат дека Маргаритата е најлесна да се направи, но таа впрочем е една од најтешките пици. Со останатите пици и нивните додатоци можете да го прикриете вкусот на тестото, но кај маргаритата нема криење. Ако нешто не е во ред, одма ќе се почувствува".
Што се однесува до правилата, при приготвување на Маргарита можете да користите само домати, одреден вид на моцарела, лук, маслиново масло, сол и свеж босилек.
Ди Франческо се занимава со приготвување пици од својата 12-та година, а знаењето го стекнал во Неапол и смета дека во однос на пиците тој е "вистински традиционалист" бидејќи пиците ги приготвува онака како што се приготвувале пред повеќе стотици години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа