ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски повторно покажа дека е губитник

 

Пендаровски повторно покажа дека е губитник. Владејчката партија во писмено соопштение реагира на изјавата на поразениот претседателски кандидат на СДСМ кој граѓаните кои гласаа за ВМРО-ДПМНЕ ги нарече корупмирани. 

„Сзтево Пендаровски повторно го покажува својот губитнички менталитет. Откако убедливо изгуби на последните избори од Ѓорѓе Иванов, сега почна по партиски трибини да ги лечи своите фрустрации со плукања и навреди.

Тој не може да ја прифати реалноста дека граѓаните не му веруваат и затоа не му ја даваат својата поддршка, па почна и нив да ги потценува и да вели дека биле корумпирани. Народот е тој кој што ја дава и ја зема власта во Македонија, а не аналитичари и амбасадори. Тоа што амбасадорите и аналитичарите го говорат, не може да биде посилно од волјата на еден народ. Очигледно Пендаровски тоа не може да го разбере.

Не може се некој друг, а најмалку народот, да му биде виновен за неговата неспособност. Пендаровски треба во себе да ја бара причината за личниот неуспех и пораз и конечно да го прифати изборниот пораз“ - стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНО:

„Стенд ап комедија“ на Стево Пендаровски во Александар Палас

03.07.2014 - 13:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега