ВИДЕО: Погледни го кога ќе пораснеш- трогателно видео од еден болен татко за својата ќерка
Дарен Мулер од Велика Британија дознал дека неговата сопруга е трудна, и само за четири месеци добил уште една ужасна вест, дека наскоро ќе умре.
Мулер на својот 39 роденден ја дознал ужасната вест дека има рак на панкреасот, заболување кое најчесто се открива кога е во краен стадиум.
Малата Ноел на свет дојде во декември , а Дарен сака времето кое му е останато да и го посвети на својата најмила. Докторите биле импесионирани од неговата издржливост.
"Дарен се надева дека видеото ќе ги охрабри сите оние кои се болни од таа болест да се борат барем за уште еден ден. Тој сака луѓето на кои им е тешко од ова видео да црпат храброст и да не се откажуваат.
Покрај тоа тој ова видео го направил со цел кога неговата ќерка ќе порасне да види дека нејзиниот татко бил храбар и се бори за својот живот ", велат пријателите на Дарен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа