„Ликцидација“ ги стресе и роднините на приведените - пронајдено оружје и муниција во нивните домови
Полицијата вчера во рамки на акцијата „Ликвидација“ изврши претрес во домови на блиски роднини на осуммината приведени. При претресот, информираат од МВР, пронајдено е поголемо количество оружје и муниција.
МВР најави дека повеќе детали за продолжението на акцијата ќе соопшти во текот на денов.
Полицијата вчера изутрина приведе и поднесе кривична пријава против осум лица, меѓу кои, поранешни судии, јавен обвинител, адвокат, новинар и познато лице од скопското подземје, осомничени за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „примање поткуп“, „противзаконито посредување“, „поттикнување“, „помагање“ и „соизвршителство“ и „неовластено оддавање информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите кои се јавуваат во својство на сведоци и нивните блиски лица“ од Закон за заштита на сведоци.