Има три типа на метаболизам- откријте кој сте вие и побрзо ослабете

 

Во својата книга Вилијам Волкот напишал дека има три типа на метаблизам, и дека секој човек би требало да го знае својот тип на метаболизам за да да ја прилагоди исхраната според него.

Протеински тип

Кај овој тип на метаболизам, организмот си бара протеини кои многу брзо ги согорува и ги претвара во енергија. Многу често чувствува глад, сака јака и калорична храна, има ниска толеранција кон слатките, често е уморен и анксиозен, летаргичен, нерасположен. Доколку се пронајдовте во овие карактеристики тогаш вие треба да внесувате повеќе протеини.

Карбо тип

Ова е тип на метаболизам кој бара многу јагленихидрати, по правило се многу спори. Овие личности имаат слаб апетит и имаат висока толеранција кон слатките, па често имаат проблеми со телесната тежина. Тука може слободно да се каже дека тие се зависници од кофеин.

Мешан тип

Ова е најчест тип на метаболизам, ни спор ни брз и нема изразита доминација на протеини и јаглехидрати. Имаат одличен апетит, изразите желба за слатки после кои чувствуваат умор и понекогаш анксиозност. Овој тип може да го држи апетитот под контрола.

Каква храна треба да јадете во зависност од типот на метаболизам?

Протеинскиот тип треба да внесува протеинска храна месо, сирење, јајца, а треба да внесува многу малку јаглехидрати.

Карбо типот треба да косумира храна богата со јагленихидрати, а сиромашна со протеини.

Мешаниот тип треба да внесува разноврсна храна која има доста протеини, масти но и јаглехидрати така што ќе постигне некаков баланс.

30.06.2014 - 17:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега