ФОТО: Не шетајте миленичиња во дворот на скопските градинки
Во градинката „Срничка“ изминатиот период во соработка со родителите беа организирани неколку работилници, на кои се пишуваа пораки, кои се поставуваат во дворовите на градинката.
Преку пораките се апелира да не се користат дворовите на градинката за шетање на домашните миленичиња. Вработените и дечињата од градинката „Срничка“ апелираат до граѓаните да не ги користат дворовите на градинката за шетање домашни миленичиња, затоа што со тоа се загадува околината каде што играат дечињата и ја истражуваат природата.
За да можат децата да учат, играат и да се дружат, неопходен им е чист двор што ќе одговара на нивните потреби. Кај децата воспитниот кадар преку приказни и песни развива љубов и грижлив однос кон кучињата како најдобри пријатели на човекот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа