Како да направите идеално лиснато тесто
Ви претставуваме брз и едноставен начин за подготовка на лиснато тесто од кое можете да направите и слатки солени печива.
Иако владее мислењето дека ова тесто е тешко за подготовка, сепак постои лесен и брз начин. Доколку одлучите домашното лиснато тесто да го употребите за подготовка на некој колач со фил од џем или крем од какао, намалете ја количината на сол.
За подготовка на тестото ќе ви биде потрено:
* 200гр брашно
* 200гр путер
* 3гр морска сол
* 75мл вода
Првиот чекор е да ги измешате брашното и солта, а потоа во нив да го додадете путерот. Важно е путерот да биде ладен, за да не се истопи додека се меша со брашното.
Постепено додавајте вода и мешајте. Доколку процените дека тестото ви е многу влажно додадете брашно, а доколку е суво зголемете ја количината на вода. Начинот на виткање на тестото погледнете го во видеото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа