„Туризмот во функција на едукација и култура“ во Битола
Од денеска до 31. мај во Битола ќе се одржат работилници на тема: „Туризмот во функција на едукација и култура“ и „Вмрежување“. Работилниците се одржувааѕ во рамки на програмската целина за Културни политики од програмата за „Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија“.
Целта на работилниците е да се подобри функционалноста и да се дефинираат идни активности на претходно воспоставената Мрежа за културен развој на Пелагонија, како и согледување и развивање на туризмот во функција на едукација и култура.
Станува збор за серија работилници кои се одржуваат во циклус од три години во континуитет во Битола, и се наменети за професионална доедукација на културните актери од Пелагонискиот регион.
Работилниците ќе обединат триесетина учесници од регионот, престставници на сите девет општини, претставници на јавни културни установи и преставници на здруженија на граѓани и слободни ументици.
Француски партнер на програмската целина за Културни политики е областа на Заливот Мон Сен Мишел (Долна Нормандија).
ФОТО: makdenes.org