Од полноќ почнува Рамазан - муслиманите ќе постат цел месец

Вечерва од полноќ, почнува светиот месец Рамазан. Во овој месец се објавила светата книга Куран. Месецот Рамазан е месец во кој муслиманите треба да се преобразат, месец на духовно и телесно прочистување, месец на високи морални вредности, месец на добри дела и љубов. Поглаварот на ИВЗ, Сулејман ефенди Реџепи повика на целосна потчинетост кон Бога, љубов, братство, соживот и мир.

„Треба да бидеме многу среќни и задоволни што Возвишениот Бог ни овозможи да го дочекаме и овој месец Рамазан. И овој пат ни овозможи да го зацврстиме духот според исламските учења, да го зајакнеме нашето верување преку молитви и учење за прочистување од гревовите и издигнување на нашиот исламски морал. Ова се некои од условите кои ни овозможуваат поголема богобојазливост. Со богобојазливост ние ќе зрачиме само љубов, братство, соживот и мир“, рече Сулејман Еф. Реџепи, поглавар на ИВЗ.

Во месецот Рамазан муслиманите постат и се молат од мугри до вечер, апстинирајќи од секаква храна и пијалаци како и од телесни задоволства. Овој месец се смета за месец кога е објавена светата книга Куран и кој муслиманите треба да го поминат со молитви и добри дела. Рамзан завршува со големиот празник Бајрам на 28 јули.

 

 

27.06.2014 - 22:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега