Почнува Меѓународната конференција по земјотресно инженерство
Денеска во Скопје ќе почне Меѓународната конференција по земјотресно инженерство. Конференцијата се одржува под покровителство на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.
На конференцијата која Македонската асоцијација за земјотресно инженерство (МАЕЕ) ја организира по повод 50 години од скопскиот земјотрес, ќе се обрати претседателот Иванов.
Воведни обраќања ќе имаат и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и претседателот на МАЕЕ Михаил Гаревски.