Ништо од бесплатните сообраќајни дозволи - владата вчера се фалаше, граѓаните и денеска плаќаат

 

Иако Владата од вчера се фалеше дека обезбедила бесплатни возачки и  сообраќајни дозволи, репортерски екипи кои утрово се на терен јавуваат дека во станиците за технички преглед, сообраќајните дозволи и денеска се наплаќаат.
Возачите тврдат дека вработените на шалтерите им кажале дека досега немаат добиено официјлано известување за да престанат со наплата на документите за автомобили, кои пак им се дадени и задолжени од управните служби на МВ – пишува Телма.
Телевизијата утрово била во станицата на АМСМ во центарот на Скопје а таму немало ниту налепници.
Владата вчера донесе одлука со која замената на возачките дозволи и сообраќајните ќе се врши без надмоесток.

 

14.02.2024 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега