Николовски: Земјоделците брзо и навремено си ги добиваат субвенциите

 

„Со новиот модел за субвенционирање си поставивме неколку цели. Најпрво да ги насочиме земјоделците да го произведуваат она што е стратешки важно за државата, а за тоа да добијат дополнителна поддршка. Земјоделците ги мотивираме и поддржуваме да користат сертифициани семенски матерјали и ѓубрива, да остварат поголем принос и да своето производство го предадат во домашните преработувачки капацитети, или пак истото да го искористат за сопствени потреби“, истакна министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Преку новиот модел основна, директна субвенција за одржување на површините добиваат сите земјоделци, за сите култури. Додека пак, дополнителна субвениција добиваат земјоделците, што произведуваат култура од листата на значајни култури, оствариле зголемено производство и истото го продале на пазар, искористиле за сопствени потреби, или предале во преработувачки капацитети.

„Ваквата новина во субвенционирањето на оствареното производство кое главно завршува во домашните откупни, преработувачки и кланични капацитети од една страна се истиснува сивата економија, а од друга страна создаваме услови за развој на домашната економија, преку користење на основните земјоделски производи за добивање на производи со додадена економска вредност, кои освен што ја збогатуваат лепезата на домашни производи на македонскиот пазар туку и имаат голем извозен потенцијал“, истакна министертот Николовски.

Направените анализи по завршување на аплицирањето за дополнителни субвенции во декември 2023 година, покажаа дека 8.061 земјоделеци, немаат поднесено барање по овие дополнителни мерки.

„Затоа веднаш реагираме и на овие земјоделци ќе им биде дадена уште една можност, дополнително да го искористат оваа право и да поднесат барање, со тоа што ќе направиме дополнителна мерка во програмата за 2024 година, каде ќе добијат уште една шанса да го пријават своето производствово градинарство, лозарство и овоштарство и ги добијат дополнителните субвенции“, изјави министерот Николовски.

 

14.03.2024 - 17:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега