Николовски ги предупреди земјоделците: Поради најави за невреме, навремено преземете си мерки за заштита
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски синоќа апелираше до земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на посевите, особено за пластениците.
- Според прогнозата УХМР најавува дека во текот на попладневните часови во сабота 5 август се очекува можност од нестабилно време со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град. Апел до земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на посевите, особено за пластениците, пишува на Фејсбук министерот за земјоделство Николовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа