Николоски на средба со Вархеји: По парламентарните избори ќе работиме Македонија ден поскоро да стане членка на ЕУ

 

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ е во Брисел, во посета на Европската Комисија каде што се имаше средба со комесарот за проширување, Оливер Вархеји, а најави и средба со директорката на Одделот за проширување за Западен Балкан, Валентина Суперти.

„На двете средби разговараме за можноста регионот да се доближи до ЕУ. Особено тоа го правам како известител за Босна и Херцеговина во рамки на парламентарното Собрание на Советот на Европа. Но, исто така зборуваме и за перспективите на Македонија во рамки на ЕУ.

Местото на целиот регион е во ЕУ. Местото на Македонија е во ЕУ, тоа го нагласив“, кажа Николоски.

„И после осми мај по победата на парламентарните избори заеднички ќе работиме ден поскоро, час поскоро Македонија да стане член на ЕУ“, додаде тој.

05.03.2024 - 17:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега