Николоски: Доколку се направи било каков чекор кон Бугарија истиот да важи со завршување на преговорите на Македонија со ЕУ
Во однос на Бугарија ние сме кажале дека уставни измени под бугарски дикат нема да има. Ние јасно во нашата програма ставивме кои се нашите позиции. Нашите позиции се Бугарија да ги исполни своите обврски кон Европскиот суд за човекови права и да ги примени пресудите и нашите позиции се дека мора да имаме гаранција дека нема да има следни вета, рече Aлександар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и предлог за министер за транспорт на гостување во Дневникот на телевизија Канал 5.
Според Николоски најдобра гаранција да нема вета и во иднина е дека доколку се направи било каков чекор кон Бугарија истиот да важи со завршување на преговорите, а не да е врзан со почеток на преговорите.
Николоски се осврна и на преговарачката рамка со ЕУ.
„Во однос на преговарачката рамка кажано е дека никој од нас не бара промена на преговарачката рамка, ние тоа што го бараме е прво, Бугарија да ги почитува своите обврски и второ, дека ние нема да направиме уставни измени под бугарски диктат“, вели Николоски.
Николоски кажа дека доколку ЕУ сака Македонија да почне преговори истото може и да се реализира.
„Ако ЕУ смета дека Македонија треба да преговара и да стане членка има многу механизми со кои може да ја натера Бугарија да го повлече ветото, ако смета дека не треба да преговараме тогаш нема да преговараме и ќе ја развиваме државата самостојно“, изјави Николоски
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа