Николоски: Детектирани се три главни проблеми во изградбата на автопатската делница Кичево –Охрид
Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата “Заспи ако можеш”, на телевизија Алфа во однос на изградбата на автопатската делница Кичево –Охрид истакна дека се детектирани три главни проблеми и тоа експропријацијата на земјиштето која сеуште не е завршена, нерешените имотно правни работи со неколку бензински пумпи и лошо проктираните косини за кои потребно е да се направи репроектирање.
“ Имам четири приоритети за ова лето и веќе реков дека тоа е одглавување на изградбата на Кичево-Охрид, изградбата на автопатските делници преку Бехтел, пругата и стабилизација и реорганизација на Железницата. Паралелно со тоа работиме на силна подршка за општнините со 100 милиони евра. Ќе имаме градежен бум во општините, на граѓаните им се потребни улици, патишта, водоводи, канализации“, истакна министерот Николоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа