Николоски-Агелер: Зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Амбасадорката на САД, Н.Е. Ангела Агелер.
На средбата се разговараше за реформските процеси и стратешките приорити на Владата и Министерството за транспорт.
Министерот Николоски ја истакна огромната важност за навремена реализација на капитални проекти, со посебен акцент на регионалното поврзување и интеграција.
Тој изрази уверување дека предвидените проекти од владината програма ќе ги реализира заради забрзан економски раст и развој на инфраструктурата во државата.
На средбата министерот Николоски ја потенцира стратешката определба која е во насока на зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји. САД се наш најзначаен партнер и поддржувач.
На средбата се нагласи и поддршката на САД во делот на размена на искуства и знаење во областа на капитални инвестиции и инфраструктурни решенија.
Двајцата се согласија за зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа