Неочекуван потег од Роналдо: Сфати дека ќе победи, па отиде кај жирито и ги промени гласовите

 

Кристијано Роналдо вчера на „Globe Soccer Awards“ манифестацијата која се одржа во Дубаи, беше прогласен за играч на векот, иако овој век само што започнал. Но, Роналдо добил најмногу гласови од навивачите и стручното жири за изборот најдобар фудбалер за 2020 година.

Сепак, самиот одлучил таа награда да ја добие некој друг, поточно Роберт Левандовски. Полјакот пред неколку дена во изборот на ФИФА беше прогласен за најдобар во 2020, а со Баерн оваа година освои тројна круна.

Според извештајот на италијанскиот весник Тутоспорт, Роналдо со асистенција на неговиот агент сфатил дека такво нешто ќе биде незаслужено, па отишол кај жирито за да направи „корекција“ свесен дека многумина гласале за него само поради неговата популарност, но не и заради постигнатото. минатата сезона (титула со Јувентус со второ место на листата на стрелци).

Од друга страна, Левандовски ги освои сите можни клупски и индивидуални награди, па затоа беше логичен избор да ја освои титулата, што на крајот се случи по интервенцијата на Роналдо.

За многумина ова е неочекуван потег, бидејќи Роналдо важи за арогантен лик кој никогаш нема доволно пехари и индивидуални признанија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.12.2020 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега