Немири во Израел: Mаскирани екстремисти се заклучиле во џамија со пиротехнички средства, стапови и камења

 

 

Израелската полиција рано утринава упадна во џамијата Ал Акса во Ерусалим, а биле принудени да влезат во комплексот откако маскирани екстремисти се заклучиле во џамијата со пиротехнички средства, стапови и камења.

„Кога полицијата влегла во зградата, поголема група демонстранти гаѓале со камења и пукале со пиротехнички средства од внатрешноста на џамијата“, се вели во соопштението и се додава дека еден полицаец е ранет во ногата.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека седум Палестинци биле повредени со гумени куршуми за време на физичка пресметка со израелската полиција во комплексот на џамијата Ал Акса. Се додава и дека израелските сили ги спречуваат нивните лекари да стигнат до џамијата.

05.04.2023 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега