Неколку земјотреси го погодија Крит, последниот најсилен

 

Утрово за краток временски период неколку земјотреси го погодија грчкиот остров Крит, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Првиот земјотрес е регистриран во 04:51 часот по локално време и бил со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала, по што следеле земјотреси со јачина од 3,6 и 3,1 со разлика од три минути во 5:57 и 6 часот по локално време, според EMSC.

Во 6 часот и 17 минути се случи земјотрес со јачина од 4,1 степени, на 23 километри југо-југоисточно од Ираклион, на длабочина од 20 километри.

11.06.2024 - 09:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега