Нефју: Не можеме да споделиме повеќе детали за корупциската активност на Мерко

 

Во интервју за албанската редакција на „Гласот на Америка“, координаторот на антикорупција во Стејт департментот на САД, Ричард Нефју изјави дека не можеле да споделат повеќе детали за тоа зошто струшкиот градоначалник вчера завршил на црната американска листа.

 - Одлуката е донесена затоа што државниот секретар имал веродостојни информации кои сугерираат дека г-дин Мерко бил вмешан во голема корупција. И така според законите, кога секретарот ќе дојде до тој заклучок, нечија определба е правно обврзувачка, како што се случи денес, изјавил Нефју за Гласот на Америка.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа врз база на кои конкретни докази е донесена оваа одлука, координаторот за антикорупција на СД на САД вели дека станува збор за злоупотреба на средства и мешање во судските постапки.

-И знаете, со оглед на природата на одлуките и нивната правна основа, тоа се информациите што можеме да ги објавиме во јавноста за овој случај, додаде Нефју.

21.06.2023 - 09:51
Фото: 
Принскрин „Јутјуб“ албанска редакција на „Гласот на Америка“

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега