Недозволиво е дете да ја напушти градинката, Тренчевска да реагира, бара градоначалникот на Гази Баба

 

 

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, изразува загриженост во врска со случајот за градинката во Автокоманда и за сигурноста на дечињата кои ја посетуваат детската градинка „Детска радост“ во Автокоманда.

„Како родител на дете кое до неодамна ја посетуваше градинката сериозно ме вознемири информацијата дека две годишно дете успеално да го напишти објектот на градинката без тоа да биде забележано од страна на вработената која е задолжена да се грижи за децата. Информацијата за овој случај ја добив од загрижени родители во текот на вчерашниот ден. Недозволиво е дете кое е оставено на згрижување во детска градинка да го напушти објектот без воопшто да биде забележано“, порачува Стефковски.

Како градоначалник на општина Гази Баба, како што вели, бара од Министерството за труд и социјална политика под чија надлежност е градинката „Детска радост“ да ја разреши директорката на градинката, бидејќи наместо соодветна постапка за утврдување на одговорност на вработената, директорката и изрекла мерка усна опомена.

„Очекувам министерката Јованка Тренчевска овој пат да постапи согласно Законот за заштита на деца, бидејќи одговорноста за овој случај, но и за се во иднина е единствено во Министерството за труд и социјална политика“, пишува Стефковски во реакцијата.

23.06.2023 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега