Неделков од СОНК: Изјавата на министерката Јаневска за платите не е договорена со нас

 
„Во врска со изјавата на Министерката за образование и наука за зголемување на платите во образованието од 10 до 12% од март 2025 год. го информирам членството на СОНК и останатата заинтересирана јавност дека оваа изјава не е усогласена со ставовите на СОНК, односно дека содржината на изјавата не е договорена со СОНК“, пишува вечерва на ФБ, претседателот на СОНК, Јаким Неделков.
 
Тој во објавата пишува дека е точно е дека двапати имавле конструктивна средба и ставовите на СОНК биле следни: почитување на Закон и Колективен договор, од каде произлегува и барањето за усогласување на платите во основно и средно образование за 12.15%.
„Тоа што од страната на Министерката беше кажано дека нема материјални можности оваа година, не значи дека СОНК се откажал од своето Барање. Во наредниот период очекувам повторно средба со надлежните во државата и решавање на настанатата ситуација.
Го замолувам членството на СОНК да не подлегнува на смислена провокација и обид за разбивање на единството во СОНК од поединци и групи, се со цел за нивно лично или колективно профитирање.
СОНК останува единствената организација која се грижи за правата и интересите на своите членови“, пишува Неделков.
08.08.2024 - 19:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега