Не ја фрлајте: Кората од лимонот е поздрава од лимоновиот сок
Лимонот е еден од главните цитруси, кој изобилува со минерали и витамини, важни за нашето здравје...
Кората на лимонот ја омекнува сувата кожа на лактите. Можете да ја размешате со 1 чајна лажица сода бикарбона и неколку капки сок од лимон. Ставете од оваа смеса на стапалата и таму каде што ви е сува кожата, па измијте се.
Со кората од лимон може да го намалите холестеролот и да го детоксицирате организмот. Имунитетот ви се зголемува значително од него, затоа изрендајте го и може да го употребувате како зачин во јадењето.
Кората на лимонот е многу корисна, затоа што е богата со витамин П и фитоцидни материи, кои ги уништуваат микробите. Кората содржи и етерични масла кои се корисни за: нормализирање на крвниот притисок, намалување на нивото на холестерол, превенција од атеросклероза, зајакнување на имуниот систем, главоболка, гадење, исцрпеност, подобрување на помнењето и концентрацијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа