НБА во чест на Бил Расел го повлекува дресот број 6 за сите 30 клубови

 

НБА лигата ќе му оддаде почит на 11-кратниот шампион, великанот Бил Расел со повлекување на неговиот дрес со бројот 6 за сите 30 клубови, прв кошаркар со ваква почест.

По смртта на Расел, НБА исто така ќе го одбележи неговото влијание на лигта со лого во форма на детелина со неговиот лик и со бројот 6 на сите терени во НБА лигата.

Кошаркарите кои во моментов го користат бројот 6, вклучувајќи ја ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс и Криштапс Порзингис од Вашингтон, ќе можат да продолжат да го носат бројот, но тој веќе нема да биде издавн за нови кошаркари. Селтикс го имаат повлечено дресот со број 6 од последната сезона на Расел во лигата во 1968/69, кога ја освои својата 11-та титула во 13-гоишната кариера.

Оваа почест го поставува Расел во елитно друштво во американските спортови – безбол МЛБ лигата го повлече дресот со број 42 во 1997 година во чест на Џеки Робинсон, додека НХЛ лигата по повлекувањето на Вејн Грецки во 1999 година го повлече дресот со број 99.

11.08.2022 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега