Научниците предупредуваат: Немојте да пиете повеќе од еден засладен пијалак неделно
Луѓето не треба да пијат повеќе од еден пијалак засладен со шеќер неделно, велат научниците откако новото истражување го поврза високото ниво на консумирање шеќер со широк спектар на здравствени состојби.
За секој дополнителен засладен пијалак неделно луѓето може да ги зголемат своите шанси за развој на голем број болести, велат авторите на истражувањето. Тие додаваат дека високата потрошувачка на шеќер, генерално, е повеќе штетна отколку корисна за здравјето.
Тие повикаа на повеќе истражувања за врските помеѓу високата потрошувачка на шеќер и ракот откако студијата укажа на поврзаноста меѓу двете.
Академици од Кина и САД го анализираа влијанието на внесувањето на шеќерот врз здравјето проучувајќи ги постојните здружени истражувања, вкупно 73 од нив, покривајќи 8.601 студија. Прегледот на наодите, објавен во списанието BMJ, сугерира дека поголемото внесување шеќер е поврзано со 45 здравствени проблеми.
Авторите откриле значајни штетни асоцијации меѓу консумирањето шеќер во исхраната и дијабетес, гихт, дебелина, висок крвен притисок, срцев удар, мозочен удар, астма, расипување на забите, депресија, прерана смрт и некои видови рак – вклучувајќи рак на дојката, простатата и на панкреасот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа