НАСА претстави ново одело за слетување на Месечината
Американската вселенска агенција НАСА и компанијата Axiom Space го претставија првиот прототип на вселенското одело од следната генерација што ќе се користи за враќање на луѓето на Месечината.
Новото одело е клучен дел од плановите на НАСА да испрати астронаути на Месечината, а агенцијата вети дека ќе ја испрати првата жена и првата личност со темна кожа на површината на Месечината како дел од мисиите на програмата Artemis.
Претходните вселенски одела не беа дизајнирани да одговараат на жените, додека НАСА ја откажа првата вселенска прошетка на целосно женска екипа во 2019 година бидејќи немаше скафандери со средна големина на Меѓународната вселенска станица.
Новиот вселенски костим, наречен Axiom Extravehicular Mobility Unit или AxEMU, е пофлексибилен и дизајниран да одговара на екипажи со различни конституции. Ќе одговара на 90% од американската машка и женска популација.
AxEMU не само што ќе ѝ дозволи на првата жена да оди по површината на Месечината, туку ќе обезбеди и можност за повеќе луѓе да истражуваат и да спроведуваат научни експерименти на Месечината.
Претседателот и извршен директор на Axiom Space, Мајкл Суфредини, рече дека вселенското одело за мисијата Artemis II ќе одговори на сите сложени предизвици на лунарниот јужен пол, но и ќе помогне во разбирањето на Месечината за да се овозможи долгорочно човечко присуство.
Прототипот на новиот костум беше прикажан во вселенскиот центар „Џонсон“, тој е во црна боја и содржи сини и портокалови детали, но поради фактот што ќе се носи на Месечината, всушност мора да биде бел за да рефлектира топлина и да ги штити астронаутите од екстремно високи температури.
Тековниот надворешен слој се користи само за демонстративни цели.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа