Напад со мачета во цркви во Шпанија
Маж со мачета уби едно црковно лице и рани свештеник во нападите на две цркви во Алхесирас пред да биде уапсен.
Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека случајот се истражува како потенцијален чин на тероризам.
Засега не е познат идентитетот на уапсениот во овој град на југот на Шпанија.
Мажот прво влегол во црквата Сан Исидро и со мачета го нападнал свештеникот, кој е тешко повреден и хоспитализиран.
Напаѓачот потоа отишол во црквата во Нуестра сењора да ла Палма, и со мачета, пред овој објект, го убил црковното лице.
Локалните медиуми јавуваат дека се повредени уште најмалку три лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа