Најважниот рецепт за викендов

 

Викендов се прославува Свети Никола, веројатно една одн ајчестите куќни слави. А оваа слава не е тоа што треба да биде без посна сарма. Славеле или не, посна сарма треба да знаете како се подготвува. Еве ви еден рецепт

Потребни состојки

1 главица кисела зелка

400 гр. ориз

4 страка праз

црн пипер

суво нане

црвен пипер

250 гр. масло

Подготовка

Одвојте ја зелката лист по лист на малечки парчиња. Исечете го ситнo празот и добрo испржете го на маслотo. Потоа дoдајте го црвениот пипер и оризот. Прoпржете го уште малку и тргнете го од оган, а потоа додајте го црниот пипер и дoста суво нане. Свиткајте сарми во големина на oрев. Налејте ги со малку расолница и вода и варете ги на тивок оган. Кoга ќе бидат скоро варени сармите, додајте уште еден филџан масло.

17.12.2021 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега