Најубавото село на светот е на југот на Франција
Американскиот магазин за патувања Travel + Leisure го прогласи селото Горди во јужна Франција за најубаво на светот.
Малото живописно место, со помалку од 2.000 жители, сместено на врвот на карпа на надморска височина од 340 метри, секоја година привлекува голем број посетители од целиот свет.
Ова средновековно село се издвојува по својата безвременска убавина и културно богатство. Поради својата убавина, тоа е честа локација за снимање филмови и телевизиски емисии.
Историјата на Горди датира од римско време, но во текот на средниот век го добил денешниот изглед – тесни улички и премини, средновековен замок со поглед на долината и камени куќи. Замокот бил изграден во 11 век, а со текот на годините бил прошируван и реновиран. Изгледа навистина импресивно. Неговите кули и бедеми нудат неверојатен поглед.
Во селото има и неколку музеи, од кои најпознати се Moulin des Bouillons, кој ја следи историјата на руралниот живот во Прованса и Пол Мара, кој е посветен на уметникот што живеел во Горди. Љубителите на уметност може да посетат и уметнички галерии и занаетчиски работилници, како што е галеријата на сликарот Јохане Спинел.
Тука често се одржуваат фестивали и разни настани во текот на целата година. Најпознат е фестивалот на тартуфите во февруари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа