На продажба куќи во Хрватска за помалку од долар – еве кој може да аплицира

На северот на Хрватска, во Леград, куќите и градежните парцели се продаваат по симболични цени од 0.15 долари односно практично се бесплатни.

Но, не секој може да си ги дозволи.

Бесплатните домови се дел од иницијативата на малиот град за зголемување на населението од 2.000 луѓе. Иницијативата првпат е покрената пред пет години и е позната како „куќи за една липа“, објави локалниот хрватски медиум ХРТ.

Откако оваа политика стапи на сила пред пет години, во Леград се родија повеќе деца, а како резултат на тоа општината ја гради својата прва градинка.

Доколку сакате да аплицирате за оваа кампања, треба да сте на возраст до  45 години, да се во брак или да живеат во заедница, да немаат криминално досие и не смеат веќе да поседуваат имот во земјата.

01.02.2024 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега