На повидок примирје меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли во војната за винарницата

 

Бред Пит и Анџелина Џоли наводно покажале добра волја да го решат спорот за винарницата со посредство.

Тие се согласиле за медијација, постапка во која двете спротивставени страни сакаат доброволно да го решат спорот по пат на преговарање и со посредство на трето неутрално лице – медијатор.

Поранешната актерска двојка досега не успеваше да постигне договор во спорот за заедничкиот имот на југот на Франција, кој се состои од замок, винарница и лозја.

Бред (59) и Анџелина (48) го купија Шато Миравал во Франција во 2008 година и се венчаа таму на интимна церемонија во 2014 година, но се борат за него откога се разведоа.

„Дејли мејл“ објави дека на повидок е примирје бидејќи документите поднесени минатата недела покажуваат дека и двајцата се согласиле на медијација како алтернативен метод за решавање на спорот наместо да го остават предметот да оди на суд.

Весникот додава: Џоли исто така изјавила дека е подготвена да учествува во преговори за постигнување спогодба.

Истиот извор дознава дека Бред назначил привремен администратор за Шато Миравал во обид да ја реши војната меѓу него и Русите, на кои Анџелина им го продаде својот дел од лозјето.

Со овој потег ќе дојде независна личност за да ги процени винарницата и како се управува со неа.

28.07.2023 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега