На Надал ова не му се случило 14 години: Надал неочекувано испадна од осминафиналето

 

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е поразен во најраната фаза на Мастерсот во Рим од 2008 година. Надал неочекувано испадна од осминафиналето од Денис Шаповалов и 6:1, 5:7, 2:6. Покрај со инспирираниот противник, Надал се бореше и со повредата на стапалото.

Шпанскиот тенисер во 2008 година имаше 18 години и беше елиминиран во второто коло од Хуан Карлос Фереро, а титулата тогаш ја освои Новак Ѓоковиќ.

Рафа рекордни десет пати го освојуваше турнирот во главниот град на Италија, додека во финалето беше во вкупно 12 пати. Од 2005 до 2007 година освои три титули по ред, а од 2009 до 2014 година беше дури шест финалиња по ред.

Во Рим одиграл и најмногу натпревари досега (77), а од тоа победил на дури 69.

Надал сега се ќе оди на одмор и ќе се обиде да се рехабилитира од повредата на стапалото. Ролан Гарос започнува за нешто повеќе од две недели и Шпанецот ќе даде се од себе да биде што е можно подобра форма.

13.05.2022 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега