На љубовта и дојде крајот: Дуа Липа повторно сама

 

Поп ѕвездата веќе две години е во врска со манекенот Анвар Хадид.

По две години, врската помеѓу поп ѕвездата Дуа Липа и нејзиното момче Анвар Хадид заврши, а крајот дојде по неуспешните обиди да се спаси врската.

Парот кој беше познат по бројните раскинувања и помирувања, според магазинот „People“, овој пат дефинитивно ставил крај на својата врска. Неодамна се пишуваше дека врската на славната двојка повторно е во криза, и дека се обидуваат да ја спасат со разговор, а во еден момент дури решиле да одморат за да ја обноват љубовта.

Извор близок до парот неодамна изјави:

„Минатиот месец двојката реши да ја стави врската во мирување бидејќи нивните многубројни патувања и разделби почнаа да бидат пречка. Нивната врска поминува низ криза“.

Медиумските претставници на Дуа Липа не ја коментираа изјавата, Дуа Липа го сними својот нов албум во Лондон и Лос Анџелес, додека Анвар беше сам во Њујорк со нивното куче Декстер.

Инаку, парот почна да живее заедно во септември 2019 година, три месеци откако почнаа да се забавуваат, изнајмувајќи стан во Њујорк.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

22.12.2021 - 22:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега