На авион му откажал моторот, пилотот спречил трагедија во Австралија
Драматично видео е снимено во Австралија, а го прикажува моментот кога на помал авион му откажал моторот, а пилотот со чудесен маневар ја избегнал трагедијата.
Инцидентот се случил во Нов Јужен Велс, додека авионот принудно слетал на аеродромот Бенкстаун.
Помош, имаме проблем со моторот“, рекол пилотот преку радио.
„Примено, доаѓа помош. Сите писти ќе бидат достапни“, одговориле од контролната кула.
Хеликоптерот ја изгубил висината, и ги избегнал покривите на куќите, врвовите на дрвјата и зградата на аеродромот.
Пред да застане на тревата, лизгал неколку метри по асфалтот, пренесува „News.com.au“.
Аеродромските служби и итните служби брзо реагирале, а е снимен моментот кога пилотот и копилотот неповредени излегле од кабината.
Детална истрага за инцидентот ќе врши Дирекцијата за безбедност на цивилното воздухопловство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа