На аеродромот во Сицилија избувна пожар, летовите одложени до среда

 

 

Сите летови на аеродромот во Катанија во јужна Италија се одложени до среда по пожарот доцна синоќа, пишува германската агенција дпа. Сак, компанија која управува со меѓународниот аеродром Винченцо Белини, рече дека летовите ќе бидат прекинати до 14 часот во среда поради „пожар што избувна на аеродромот“.

Компанијата првично соопшти дека летовите ќе бидат одложени до понеделник наутро. Пожарникарите рекоа дека ситуацијата е „чувствителна и напорна“, според новинската агенција АНСА. Агенцијата извести дека синоќа околу 23 часот и 30 минути најпрво биле повикани пожарникари на аеродромот на источниот брег на Сицилија.

Никој не е повреден, соопштија од аеродромот.

„Им благодариме на пожарникарите, владините агенции, кризните тимови и аеродромската заедница за нивната брза реакција“, објави аеродромот на Твитер.

Повеќе од милион патници поминале низ аеродромот во мај, покажуваат податоците на италијанското аеродромско здружение Асаеропорти.

17.07.2023 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега