МВР ќе праќа СМС за готови пасоши: Ако не добиете порака, не правете гужви

 

МВР од понеделник го менува начинот на издавање на лчните документи. Ќе испраќа СМС пораки за готови пасоши.

-Со цел да се олесни процесот за подигање на готови пасоши, од понеделник (19.02.2024) граѓаните кои се фотографирале за пасош во објектот на МРТВ или во ПС Пролет ќе добиваат СМС порака откако ќе им биде изготвен пасошот за да дојдат да го подигнат. Исто така, граѓаните ќе можат на интернет страната mvr.gov.mk да извршат проверка дали нивниот пасош е изготвен. Ги молиме граѓаните доколку немаат добиено СМС порака или доколку на интернет страната на МВР нема потврда дека нивниот пасош е изготвен да не доаѓаат во објектот на МРТВ затоа што тоа значи дека нивниот документ не е готов. Сето ова важи за граѓаните кои се фотографирале во објектот на МРТВ или во ПС Пролет, велат од МВР.

Граѓаните кои се фотографирале во другите пунктови во Скопје или во другите градови, готовите пасоши ќе ги подигаат на ист начин како и до сега.

Техничкиот министер Панче Тошковски беше во посета на Одделот за управни работи каде ќе биде отворена дополнителна сала за да се намалат редиците.

 

16.02.2024 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега