МВР и Катар ја зацврстуваат соработката: Тошковски и Ал-Кајарин разговараа за безбедноста и признавање на возачки дозволи

 


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со вршителот на должноста амбасадор на Катар, Н.Е. Рашид Бин Саид Ал-Кајарин, на која биле потврдени пријателските односи помеѓу двете држави.

Како што соопшти МВР, на средбата биле разгледани можностите и потенцијалите за соработка помеѓу двете министерства и полиции.

- Министерот Тошковски ја обнови иницијативата за склучување на заедничка декларација за намери за заемно признавање на возачките дозволи. Беа разгледани и сите други аспекти на соработка во областа на безбедноста и полициското работење, размена на информации, едукација на полициски служби, како и соработка во борбата против сите видови организиран криминал, соопшти МВР.

26.05.2025 - 14:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега