МВР: Хеликоптер „Ми -171“ исфрли 83 тони вода при гаснење на пожарите

 

Хеликоптер на МВР денеска исфрли вкупно 83 тони вода во гаснењето на пожарите кај Кочани и Маврови Анови, информира Министерството за внатрешни работи. 

- Хеликоптерот „Ми -171“ од хеликоптерската единица за посебни намени при МВР од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше врз пожарите во околината на Кочани и Маврови Анови. Во 31 налет исфрлени се 83 тони вода, се вели во соопштението од МВР. 

13.08.2024 - 20:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега