​Муцунски за пролетните инвестиции во Аеродром: Нови паркови и зелени површини кои носат поубав изглед и повеќе содржини за граѓаните

 
 
Активностите за унапредувањето на урбаното живеење кои ги започнавме во текот на март, продолжуваат и овој месец со изведба на нови паркови, нови зелени површини и простор за одмор и рекреација. Активно се работи на новиот парк со површина од 2300 квадратни метри во Стар Аеродром, а привршува изведбата на уште три зелени површини во овој дел од општината. Првите две се лоцирани во непосредна близина на училиштето „Блаже Конески“, а третата веднаш до „Тобако 2“. 
 
Градоначалникот Муцунски на својата Фејсбук страна ги повика граѓаните масовно да ги користат новите зелени површини, при што потенцираше дека тие пред се го унапредуваат и збогатуваат маалскиот живот и квалитетот на живеење во Аеродром. Тој истакна дека со овие инвестиции, се остваруваат заложбите за повеќе зелени површини и нови паркови во Општина Аеродром.
 
„Зелените паркови и површини претставуваат нови инвестиции и проекти со кои го унапредуваме урбаното живеење на Аеродром, инвестираме во поубава и позелена општина и водиме грижа за потребите и барањата на граѓаните. Се радувам што пролетта и новите инвестиции Аеродром, носат и поубав изглед и повеќе содржини на различни локации“, напиша Муцунски во својата фејсбук објава.
25.04.2023 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега